Европскиот парламент побара воведување на уште поостри санкции против Русија од страна на ЕУ, вклучително и целосен прекин на увозот на енергенси од таа земја, како и вклучување на Белорусија, која е сојузник на Кремљ.

Во резолуцијата усвоена, европратениците повикаа на дополнителни санкции за Русија, вклучително и „целосно ембарго за увоз на руска нафта, јаглен, нуклеарно гориво и гас што е можно поскоро“.
„Тоа треба да биде придружено со план за гарантирање на безбедноста на снабдувањето со енергија во ЕУ, како и стратегија за „запирање на санкциите доколку Русија преземе чекори за враќање на независноста, суверенитет и територијален интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и целосно да ги отстрани своите војници од територијата на Украина“, стои во резолуцијата.












