Ердоган во посета на Франција, ќе оствари средба со Макрон

0
229

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска ќе оствари работна посета на Париз, каде што ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон.

Оваа посета на Ердоган доаѓа во време кога Турција испраќа сигнали за подготвеност за подобрување на односите со ЕУ, по минатогодишните тензии и обвинувања.

Престојот на Ердоган во Париз аналитичарите го оценуваат како негова најважна посета на една членка на ЕУ по неуспечниот обид за воен удар во Турција во јули 2016 година.

На средбата помеѓу двајцата претседатели ќе се зборува за билатералната соработка и регионални теми, пред се за конфликтот во Сирија и за прашањето за Ерусалим.

Од Франција соопштија дека Макрон ќе го отвори и прашањето за почитување на човековите права и за положбата на затворените новинари во Турција.

http://a1on.mk