Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,44%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 28.09.2023 година и со тоа малопродажната цена
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит, малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 85,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), изнесува 85,00 ден/лит додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,715 ден/кг.
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 87,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 89,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 48,715 (денари/килограм)