Еуросупер 98 со рекордни 75,5 денари

0
574

Од ноќеска на полноќ ново поскапување на горивата во Македонија, граѓаните ќе возат поскап бензин и дизел, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер 95 од полноќ ќе се точи по 73,5 денари за литар, додека пак Еуросупер 98 ќе биде рекордни 75,5 денари. Зголемувањето на цената е за 2 денари.

Дизелот поскапува 2 денари, па од полноќ ќе биде 65 денари.

Екстра лесното масло ќе биде 54 денари, додека пак мазутот 34,5 денари.