Еурофарм го декласира и Радовиш на гостински терен

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лидерот на табелата во Суперлигата, Еурофарм Работник, забележа лесна и убедлива победа на гостувањето против Радовиш со 25-43, во заостанатиот натпревар од 12. коло во македонската Супер лига. Овој дуел беше поместен заради настапот во третото коло на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник и Берн.

Елмир Граџан постигна девет, Милан Џукиќ запиша седум, а Стефан Талевски додаде шест гола во новиот триумф на Еурофарм Работник. Во составот на Радовиш најефикасен беше Ивица Илиев со седум погодоци.

Со 34 бода, Еурофарм Работник ја зголеми предноста на +7 пред второпласираниот Бутел. Битолчани в сабота гостуваат кај Струга.

Share.