Еурофарм го испоти Вардар, но минимално загуби во финишот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вардар не дозволи изненадување во Битола против Еурофарм Работник иако имаше огромна негатива во првото полувреме. Домаќинот одлично го почна мечот, во 28. минута имаше највисоки девет голови разлика, 17-8, на одморот се замина со водство на Еурофарм Работник од 18-10. Шампионот за едно полувреме прими дури 18 погодоци.

Но, во вториот дел Вардар заигра како што треба, а кога го прави тоа никој во Македонија не може да го сопре, го сврте мечот и на крајот победи со 30-28.

Тимур Дибиров со осум голови беше најдобриот стрелец кај Вардар, толку погодоци во составот на Еурофарм постигна Кузмановски.

Share.