ТЕРА

REKLAMA???

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР Е НОВИОТ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

Ракометарите на Еурофарм Пелистер и официјално се шампиони на Македонија за натпреварувачката 2022/2023. Битолчани се шампиони по 17 години!

Клубот од Битола славеше на вечерашното гостување кај Охрид со 28-25, а во исто време нивниот најголем ривал Вардар 1961 не ја оправда улогата на фаворит во Кавадарци (32-32), па тоа значеше дека „фармацевтите“ се крунисани за прваци во најсилната домашна конкуренција и тоа за првпат по 2005 година.

Претходно пак Алкалоид беше подобар од вториот тим на Еурофарм Пелистер што значи дека наредното коло во Скопје избраниците на Кирил Лазаров ќе водат битка со Вардар за втората позиција во домашниот шампионат.