Еурофарм Пелистер несреќно загуби во финалето на Купот на Македонија од Вардар 1961 со 26-25 (16-12), во прекрасниот амбиент во Охрид.
„Црвено-црните“ создадоа предност и од пет голови разлика. Но, Еурофарм Пелистер не се предаваше и успеваше да се доближи. На полувремето вардарци водеа со 16-12.
Вардар водеше и во текот на вториот дел, Пелистер дојде на -1, но скопјани повторно дојдоа до четири разлика. Сепак во финишот од мечот беше драматично. Битолчани дојдоа на само еден негатива, имаа шанса и за изедначување, но не успеаа да постигнат гол. Вардар го доби мечот со 26-25 и го освои пехарот.
Најдобри во редовите на Вардар 1961 беа Куни Моралес и Леонардо Дутра со по седум голови, додека кај Еурофарм Пелистер по пет погодоци постигнаа Усама Хосни и Мохамед Суси.












