Еурофарм Пелистер прокоцка победа, Вардар 1961 со бод се враќа од Битола

Пред убава атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ и навивачки групи и на двата тима, се одигра вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар кое заврши нерешено (27-27).

Пелистерци имаа водство од еден гол на влезот во последната минута. Вардар погреши во нападот за изедначување, но домашните ракометари погрешија, pa вардарци ја освоија топката и имаа уште неколку секунди за напад. На три секунди до крајот беше досуден пенал за Вардар по фаул врз Гаџа кој го реализираше Дибиров за конечен резултат од 27-27.

Анте Гаџа со осум гола беше најдобар ракометар на овој дерби-дуел, шест постигна Тото, пет Талески, а четири пати прецизен за Вардар беше Дибиров. Во редовите на Еурофарм Пелистер најефикасни беа Мандалиниќ со седум, Обрадовиќ со шест и Периќ со пет погодоци.

Сподели