Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа вториот пораз во групата Б на Суперлигата, откако со лошо второ полувреме загубија во Кавадарци од Тиквеш со 27-25.
Домаќините со предност од три гола го отворија натпреварот, но гостите не се лесно предадоа. Битолчани постојано се бореа и го наметнуваа своето темпо на игра, а во тоа успеаја во последните минути од првиот дел, кога направија мини серија за предност од два гола, 12-14, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел подолго време се играше гол за гол, а домаќините го скршија отпорот на битолчани во последните десет минути, кога одиграа одлична одбрана и супер реализација во нападот. Ваквиот пристап кон играта им донесе победа на домашен терен за зајакнување на победничкиот менталитет во македонската ракометна лига.
Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер 2 игра уште едно дерби, а ривал е Пролет од Скопје,












