Еурофарм поразен во Скопје во дуелот со вардарци

0
449
Во дуелот од 2. коло од плеј-офот во машката Суперлига, Вардар триумфираше против Еурофарм Работник со 38-29 (18-8) за втора победа по ред за шампионот и прв пораз за битолскиот суперлигаш. И без Лука Циндриќ, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ и Даниел Шишкарев гостите не можеа во ниту еден дел од играта да парираат.
Вардар во второто полувреме имаше водство и од „плус 15″, но откако сѐ беше решено, тогаш и клупата на европскиот првак ја смени поставата, се „измешаат” играчите, а тоа го искористи Еурофарм Работник да намали на пристојни 38-29 (18-8).
Поповски со осум и Борозан со шест гола беа најефикасни во тимот на Вардар, а кај Еурофарм Работник се истакнаа Граџан со пет, а Мсквилидзе и Чурлевски дадоа по четири голови.