Еурофарм Работник поразен и на вториот дуел со Филинген Берген

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ракометарите на Еурофарм Работник загубија и во реванш дуелот од осминафиналето на Челинџ Купот.

Момците на Илија Темелковски играа одлично во првиот дел, но катастрофалниот втор дел беше причина за на крај поразот од Филинген Берген да биде и убедлив, 36-28.

 

Најефикасни во тимот на Еурофарм Работник, кој во првата сезона во Европа го мина литванскиот Каунас, беа Крстевски со 7, Ојлески со 6 и Граџан со 5 погодоци, додека кај Филинген Берген се истакнаа Матиќ со 8 и Хвидтсен со 7 голови.

Share.