Еурофарм Работник со +12 го победи променливиот Пролет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во дуел со две спротивни полувремиња, екипата на Еурофарм Работник го совлада Пролет со 31-19, благодарение на одличниот почеток на вториот дел. Битолчани водени од Ѓукиќ и Кузмановски брзо дојдоа до двоцифрена предност и лесна победа. Тренерот Алушовски им даде шанса на сите ракометари и скоро сите се запишаа меѓу стрелците.

Еурофарм Работник – Пролет 31-19 (13-9)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола. Гледачи: 500
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви
Делегат: Драган Начевски (Скопје)

Еурофарм Работник:
Трајковски, Чаневски 1, Ојлевски 2, Марковски 3, Д. Петровски 3, Пецаковски, Чурлевски, Стјепановиќ, Мемиќ 1, Кузмановски 8, Радовиќ, Кукоски, Остроушко, Граџан 2, Ѓукиќ 6, М. Петровски 1

Седмерци: 3/0
Исклучувања: 10 минути

Пролет:
Кристо, Кимевски, Василевски 4, Аларов, Јовчевски, Даев, Манев 1, Ролевски, Трајковски, Андоновски 2, Џонов 4, Мајнов 1, Дамчевски, Дука, Стојановски 1, Манасков 6, Тотиќ

Седмерци: 7/5
Исклучувања: 12 минути

Во следното коло за време на викендот Еурофарм Работник гостува на теренот на Бутел.

Share.