Еурофарм Работник убедливо го надигра Пролет

0
317

Во првиот натпревар од 5. коло на плеј-офот на Суперлигата, Еурофарм Работник го победи Пролет со 33-20. За „фармацевтоите“ ова е трета победа и тимот на Темелковски се изедначи со Металург со 10 бода, зад Вардар кој е неприкосновен со максимално 15 бода.

Гоце Ојлески и Елмир Гаџан постигна по пет гола, а четири погодоци запишаа Горан Кузманоски, Филип Чурлевски и Горан Крстески.

Кај Пролет најефикасни беа Ласко Андоновски со пет и Мартин Манасков со четири гол.