Еурофарм Работник убедлив против Пелистер во дербито од плеј-офот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Еурофарм Работник го победи градскиот ривал Пелистер со 32-25 во рамки на третото коло од плејофот во ракометната Суперлига. „Фармацевтите“ доминираа во текот на целиот натпревар и заслужено ја добија битолската пресметка.

Eурофарм Работник е лидер на табелата и нема пораз од домашна екипа сезонава.

Еурофарм Работник – Пелистер 32-25 (18-9)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола. Гледачи: 3.000
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски (Скопје)

Еурофарм Работник:
Трајковски, Чаневски, Ојлески, Пецановски, Талевски 1, Чурлевски, Стјепановиќ 2, Мемиќ, Кузмановски 6, Радовиќ, Кукоски, Остроушко 8, Граџан 4, Ѓукиќ 5, Петровски
Седмерци: /
Исклучувања: 10 минути

Пелистер:
Плех, Јовановски, Ѓорѓески, Петров 1, Маџовски, Поповиќ 7, Гуглета 5, Димитровски 1, Апостоловски, Станојевиќ 3, Лековиќ, Табангует, Кобетиќ 6, Дрогришки 2
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 8 минути

Share.