Еурофарм се засили со репрезентативецот Никола Митревски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е најновото засилување на екипата на Еурофарм Работник. 33-годишниот голман по две години поминати во романската Доброгеа Суд ќе се врати во родната Битола.

Еурофарм Работник ќе добије одлична опција на голманската позиција за наредната сезона во која се изборија за историски пласман во СЕХА лигата.

Митревски кариерата ја започна во Пелистер, а потоа играше уште за Вардар, Металург, Бенфика и Доброгеа Суд.

 

Share.