Еурофарм слави во дербито, нов гостински пораз на Пелистер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во второто дерби против Металург, битолски Еурофарм Работник пак го совлада Металург, овој пат супер-убедливо и скоро сигурно битолскиот клуб ќе го освои најмалку второто место во Суперлигата. Во текот на сите 60 минути Еурофарм Работник доминираше и му даде дури 41 гол. Филип Кузмановски со девет гола беше најефикасни, а Јагуриновски со осум погодоци беше најпозитивен во поразениот табор.

Еурофарм Работник – Металург 41-28 (20-13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола. Гледачи: 1.500
Судии: Николов и Начевски (Скопје)

Еурофарм Работник:
Трајкоски, Чаневски, Ојлески 4, Маркоски 2, Д. Петровски, Пецаковски, Талевски 1, Чурлевски 3, Стјепановиќ 5, Кузмановски 9, Радовиќ 1, Кукоски, Остроушко 3, Граџан 3, Џукиќ 7, Петровски 3

Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути

Металург:
Дупјачанец, Томовски, Даниловски, Јагуриновски 8, Лазаревски 1, Димитриоски 1, Токиќ 3, Шилегов, Танкоски, Серафимов, Младеновиќ, Шпенде 4, Пучник 4, Миличевиќ 2, Маџовски 5, Матијашиќ

Седмерци: 7/4
Исклучувања: 2 минути

Ракометарите на Бутел Скопје остварија победа над битолски Пелистер со 32-24 и се блиску до пласман на четвртата позиција и место во европските купови. Новиот суперлигаш веќе не е изненадување, но битолчани по поразот во Купот, уште еднаш со наведнати глави си заминуваат од Скопје.

Најдобри стрелци кај победникот беа Мајиќ со десет и Давидовиќ со седум погодоци. Кај Пелистер се истакнаа Поповиќ со шест и Лековиќ со пет голови. Со оваа победа Бутел е многу блиску до четвртата позиција во плеј-офот.

Share.