Еурофарм со победа се враќа од гостувањето во Велес

0
395

Овој викенд со првото пролетно коло продолжи ракометната Суперлига. Пелистер во 15. коло беше слободен, а сигурна гостинска победа извојува Еурофарм Работник

Ракометарите на Еурофарм Работник славеа на гостувањето против Борец во Велес со 21-27 (7-16), рутински одработувајќи ја задачата до триумфот.

Најефикасни во победата кај гостите беа Пецаковски со 8 гола, Гоце Ојлески дополни со 6 погодоци, а Игор Трајковски мечот го заврши со 4 гола. Кај домашните се издвои Лазаревски со 7 постигнати гола.