ЕУ потпиша договор за границата со Албанија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ЕУ и Албанија потпишаа нацрт-договор за границата, кој ќе ѝ овозможи на Европската погранична агенција Фронтекс да се распореди во западно балканската земја во случај на ненадеен бран на мигранти во земјата.

Европскиот комесар за миграција во понеделникот бил во Албанија, и потпишале нацрт-договор за управување со границата со западно балканската држава.

Комисијата го дочека договорот како зајакнување на надворешните граници на ЕУ.

Според договорот, европската погранична агенција Фронтекс може да се распореди во Албанија во случај на ненадеен бран мигранти.

„Албанија сега има историска можност својата иднина цврсто да ја поврзе со ЕУ“, рече комесарот Димитрис Аврамопулос по потпишувањето. „Овој договор ќе овозможи идно распоредување во Албанија на тимовите за гранична и крајбрежна стража на ЕУ“, пренесе Јуроњуз.

Брисел се надева дека договорот ќе послужи како пример за слични договори со другите земји во регионот.

Двете страни, исто така, потпишаа Меморандум за разбирање за да им помогнат на полицијата со наркотиците.

Властите во Албанија, едно време главните крстосници за наркотици, преземаат остри мерки во однос на производството и трговијата со марихуана.

Од 2014 година, владата има запленето стотици тони дрога и уништи милиони растенија.

Владата на премиерот Еди Рама како главна цел го постави справувањето со нелегалното производство на марихуана во земјата.

мкд.мк

Share.