ЕУ со критики до Косово за депортацијата на шестмина Турци

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Европската унија го критикуваше Косово за депортацијата на шестмина Турци кои му биле политички непријатели на претседателот Реџеп Таип Ердоган, наведувајќи дека тоа го покренува прашањето за почитувањето на човековите права од страна на Приштина и на Анкара. До депортацијата дојде на 29 март и таа беше одобрена од министерот за внатрешни работи и од шефот на разузнавањето. Тоа пак доведе до нивно разрешување од страна на премиерот Рамуш Харадинај кој изјави дека тие је презеле акцијата без негово одобрување. Протераните Турци имале врски со движењето на Фетула Ѓулен кој Ердоган го обвинува за обидот за државен удар во 2016 година.

slobodnaevropa.mk

Share.