ЕУ ќе и помогне на Албанија да ги заштити границите во случај на мигрантски бран

0
169

Европската унија соопшти дека е постигнат договор за безбедност на границите и за распоредување на екипи, кои ќе реагираат во случај на потенцијален прилив на мигранти.

Еврокомесарот за миграции Димитрос Аврамопулос, кој е во посета на Тирана, го поздрави постигнатиот договор со Албанија, „кој што ќе служи за модел за добри договори со други партнери од Западен Балкан“.

Во соопштението на Европската комисија се посочува дека договорот,  кој е прв од таков вид во регионот, „дополлнително ќе ја подобри безбедноста на надворешните граници на ЕУ“.

Договорот треба да биде поддржан од земјите-членки на ЕУ, а потоа да биде потпишан од двете страни,  пред Е вропска служба  за  гранична  контрола и  крајбрежна стража –  ФРОНТЕКС да може да врши активности и да има тимови во Албанија.

Албанија, која што доби статус на земја-кандидат за членство во ЕУ во 2014 година, се надева да почне преговори за пристапување оваа година.