ЕХФ парично ја казни македонската репрезентација заради несоодветна опрема

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ракометната федерација на Македонија треба да плати глоба од 2.000 евра поради несоодветна опрема на ракометарите.

Казната е поделена на 1.000 евра за различни чорапи на мечот со Словенија и уште 1.000 за „стреч-гаќички“, кои Манасков, Стоилов, Кире Лазаров, Филип Лазаров, Талески и Кузмановски ги носеле под официjалниот долен дел од дресот.

Пред две години во Краков, Македонија беше казнета заради користење на различни чорапи за време на натпреварите.

Share.