ТЕРА

REKLAMA???

ЕХФ ПОТВРДИ ДЕВЕТ УЧЕСНИЦИ ВО ЛШ, ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА ЕЛИТА

ЕХФ потврди девет учесници во ЛШ, Еурофарм Пелистер заедно со европската елита

Европската ракометна федераицја (ЕХФ) официјално ја објави листата на учесници во Лигата на шампионите, како и онаа на тимовите кои аплицираа за вајлд-карта за да бидат дел од елитното европско натпреварување. Еурофарм Пелистер е еден од десетте тимови кои имаат загарантирано место во групите од Лигата на шампионите, натпреварување кое и во следната сезона ќе брои шеснаесет екипи.

Покрај битолскиот клуб, дел од елитното друштво дефинитивно ќе бидат и Барселона, ГОГ Гудме, ПСЖ, Кил, Магдебург, Веспрем, Киелце, Порто и Целје Пивоварна Лашко.

Европската куќа на ракометот објави дека добила десет апликации за вајлд-карти: ППД Загреб, Динамо Букурешт, Кристијанштад, Колштад, Спортинг Лисабон, Монпелје, Алборг, Пик Сегед, Висла Плоцк и Кадетен Шафхаузен.

Ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите е закажана за 27 јуни во Виена.