„Жаклина“ со нова обработка

0
1383

Популарната песна на Цане Николовски – Жаклина, доби нова обработка, за која задолжен беше Васко Белески.

Познат за јавноста по групата од нивното време Мадригали, Николовски најголемата популарност се чини дека ја стекна токму со оваа песна  и група Елита, а веќе подолго време живее и работи во Шпанија.

Текстот на Жаклина е на Валентин Соклевски, а музиката на Цане Николовски.

Тој е македонски пејач, музичар, флејтист, кој во својата долга кариера бил вокал на групите „Мадригали“, „Гром“ и „Бонтон“. Николовски, освен што е најмногу познат по песната „Жаклина“, испеан со „Елита“, тој мошне добро се снаоѓа и во други жанрови – рок, поп, народни изворни и новокомпонирани песни. Во неговата биографија стои запишано дека има издадено 37 албуми со народна, поп и музика изведена на флејта. Повеќе години Николовски живее во шпанскиот туристички град Аликанте. И понатаму музиката му е професионална определба и снима албуми од различни музички жанрови, како и албуми на кои тој изведува музика со флејта.

Ликот и делото на Николовски го инспирирале сценаристот Константин Петровски, да сними филм за Цане наречен- Патот за Аликанте, кој битолската публика пред две години го погледна во Интимниот театар.
За ликот на Цане во филмот зборуваа членовите на „Мадригали“, Панде Димитровски, Валентин Соклевски и уште неколку луѓе.
Во екипата покрај Петровски задолжени за филмот беа и Весна Ристовска, Симон Секуловски, Гоце Глигоровски.