Жбогар за преговорите за името

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Евроамбасадорт Самуел Жбогар за време на денешната негова посета на Националниот парк Пелистер беше прашан за очекувањата од преговорите меѓу Македонија и Грција околу решението за името.

„Мислам дека сите тука веќе со нетрпение ги очекуваме резултатите од многу интензивните преговори и разговори кои што се во тек и мислам дека двете страни ќе можат да најдат решение кое нема да биде добро само за двете земји, туку ќе биде решение за целиот регион и за цела Европа. И се разбира за тоа да се случи мора да имаме трпение и доверба дека тоа ќе се случи“, изјави Жбогар.

Share.