Желба и интерес има но потребни се и финансии

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Македонија има многу интерес за боречките вешини но нема финансии за да се развива овој спор, вели професорот по боречки вештини Зоран Спасов. Тој го посети Нинџицу клубот во Битола со цел да го пренеси неговото 38 годинишно искуство.

Неговата мисија е младите да научат многу повеќе за ваквите вештини и да постигнуваат успех не само во нашата држава туку и во светот.

На посетата Спасов им демонстрираше Филипино бокс.

– Кај нас се финансира повеќе во колективни спортови, додека индивидуалните спортови се малку запоставени, но сепак да не дојди дека ги критикувам, секој спорт за мене е значаен, но сепак повеќе резултати имаме донесено во индивидуалните спортови во боречките спортови, изјави Кик- Бокс мајсторот Зоран Спасов

Овој спорт постојано се надоградува со нови вештини.

– Боречките спортови се како една куќа да градиш, почнуваш постепено додека да ја изградеш до последниот кат треба многу време , многу трпение , исто така и младите треба подолго време да се занимаваат со овај спорт за да ги достигнат тие мајстори, бидејќи во боречките вештини нема најдобар, секој ден се учи нешто ново, изјави Кик- Бокс мајсторот Зоран Спасов

Нинџицу клубот постои од 2005 година и брои 30 тина активни членови.

-Ние во нашиот клуб се занимаваме со една боречка вештина тоа е Нинџицу и еден боречки спорт тоа е Бразилска џиу-џицу, во склоп на двете се натпреваруваме во ММА, минатата година направивме многу добри резултати како на државно ниво имавме прваци и на меѓународно ниво постигнавме многу резултати, изјави Сашко Мирчевски Нинџицу клуб Битола

За понатамошни натпреварувања велат дека им се потребни финансиски средства , и доколку ги обезбедат ќе учествуваат на натпревари.

– Ако успееме да најдеме спонзорства да обезбедиме буџет со кој ќе успееме да ги покриеме трошоците за пат за котизација исхрана и сместување  ќе учествуваме на што е можно повеќе турнири, ние имаме спремна екипа која се докажа дека  е многу спремна, изјави Сашко Мирчевски Нинџицу клуб Битола

Предусловот за запишување во овој клуб е само да се има желба.

Боречките спортови, носат најголеми придобивки, и важат за едни од најдобрите физички и психички активности.

Share.