Железничка несреќа во Австрија

0
361

Најмалку еден човек загина, а над 15 се повредени во судир на два патнички воза во градот Никласдорф во централниот дел на Австрија, соопштија денеска австриските власти. Несреќата се случила половина час после пладне на железничката станица во Никласдорф, на 60 километри северно од Грац, кога едниот воз удрил во другиот. Едниот воз бил Еуросити, кој патувал кон Сарбрикен во Германија, а другиот бил регионален.