Жените и натаму најчести жртви на семејно насилство

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Пресрет на Меѓународниот ден на жената 8 ми Март се одржа конференција на тема „Јакнење на соработката меѓу општините во пелагонискиот регион за подобрување на превенцијата и заштитата на жените и девојчињата од насилство“.

94 % од жените се жртви на семејно насилство покажуваат анализите, додека пак 4 % од мажите се жртви на насилство од жени. Она што го истакна Доминика Стојановска од канцеларијата на ОН за родова рамноправност и зајакнување на жените е дека жртвата во системот на заштитата се ревиктимизра постојано.

-Значи онај што треба да ги заштити повторно ги ревиктимизира, псоледните студии покажуваат дека жената најчесто , а бидејќи таа е најчесто жртва од системот е ревиктимизирана едно пет пати, и дека во моментот кога ќе помине целиот тој процес и дека кога ќе се дојде до процесот на судска разрешница, статистиките покажуваат дека најчесто кога се работи за кривично дело семејно насилство преовладуваат алтернативните мерки за разлика од казните, 57% се алтернативни изречени мерки за разлика од 43 % се казни при кривично дело семејно насилиство, изјави Доминика Стојаноска раководителка на канцеларијата на ОН за родова рамноправност и зајакнување на жените

На регионалната конференција во Битола, заменик министерот во МВР Агим Нухиу истакна дека МВР е една од институциите со мандат за постапување при пријави за извршено семејно насилство, заштита на лица жртви на семејно насилство, сузбивање и поречување на насилството и други надлежности.

-Оперативните и емпириските податоци за извршено семејно насилство говорат дека често пати се случува семејството да се претвори во насилничка средина во која длабоко се повредуваат членовите на семејството и нивните човекови права и лични перспективи. Семејното насилство не е проблем кој ја погодува само жената туку тоа е проблем на целото семејство, на мажот, на децат, на повозрасните лица и на заедницата воопшто. Сепак, анализите покажуваат дека доминантната жртва во стистиката за семејно насилство во Република Македонија, е жената,изјави Агим Нухиу заменик министер за внатрешни работи на РМ

Темата е во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашното насилство која нашата држава ја ратификуваше минатата година.

– Министерството за труд и социјална политика веќе започна со воспоставување на инфраструктура, отвори Центар за жртви на сексуално насилство, исто така Министерството за здравство отвори кризни центар за прифаќање на жртвите од секаков вид на насилтство, изјави Елена Грозданова државен секретар во Министерството за труд и социјална политика

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска на регионалната конференција истакна дека е потребен интегриран пристап за спречување на насилство и токму затоа на конференцијата учествуваа релевантни претставници од националните и локалните институции.

– И како општество во кое што се полимизира дали членот 9 од Уставот на РМ каде што се зборува за тоа дали треба да стои зборот ПО или зборот РОД е всушност суштината на проблемот за кој што треба да говориме,не дека таа нотификација не е значајна, значајна е, меѓутоа она што е позначајно е да ние всушност дојдеме до едно ниво каде што претставува постоење на човекови пра, каде што воопшто ќе се изгуби смислата да се говори за род, или за права на родот, туку сето тоа ќе се сведе на ниво да се зборува и да се говори за права на човекот, изјави Наташа Петровска Градоначалничка на Општина Битола

Конференцијата е во организација на Општина Битола во соработка со канцеларијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените и со поддршка на министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика.

Share.