Жешкото време ја вжешти линијата на Брзата помош во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Жешкото време и високите температури го вжештија телефонскиот број во Итната медицинска помош во Битола.Во рок од 24 часа имале преку 20 повици. Најчесто се работело за пациенти кои колабрирале поради жешкото време. Од Итната медицинска помош во Битола велат дека бил зголемен и бројот на прегледи во дежурната ургентна амбуланта. Портокаловата фаза го зголеми бројот на колапси, вртоглавици, повреди како и убоди од инсекти.

Од Итната медицинска помош велат дека бил зголемен бројот и на настинки и на цревни инфекции. Дел од препораките на докторитите се граѓаните да носат со себе шише обична вода, бидејќи таа најмногу помага во овие жешки денови.

Сончевото и многу топло време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден, особено во претпладневните часови. Според информациите на УХМР Утре попладне и во текот на ноќта најпрвин во северните делови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има пороен дожд со грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер (над 70 км/час).Во четврток се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата за 5 до 8 степени.

Share.