Жителите од Градешница добија поплочени улици и асфалтен пат од Рапеш до Старавина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Жителите од село Градешница кое се наоѓа во битолско Мариово добија комплетно поплочени улици и пристапен асфалтен пат од 13 км од Рапеш до Старавина, информираат од општина Новаци.Додаваат дека обезбедена е и техничка вода за наводнување на долно Маало. Таму неодамна беше поставен споменикот скулптура Коњ -триумф на животот над смртта. Наскоро како што велат од општина Новаци Градешница ќе биде препознатлива по комплетно партерно уреденото капалиште на Градешка река под селото кое ќе било атракција и место за уживање за туристите и локалното население.

Како локална самоуправа вложуваме во селата од овој крај со цел да го запреме негативниот тренд на иселување на месното население .Ги обновуваме , ги правиме инфраструктурно попристапни до секого .Во 2018 г во соработка со ЈП Државни патишта после неколку децении асфалтиравме 6 км од земјениот пат до раскрсницата до с.Зовик и с.Старавина , а оваа година го до асфалтиравме остатокот од 3 км .Сега комплетно е асфалтиран регионалниот пат од Рапеш до Старавина од 13 км .

Минатата и оваа година со бехатон плочки ги поплочивме скоро сите главни улици во с.Градешница . Наскоро започнуваме со уредување на капалиштето со целосно партерно уредување .За наредната година се надевам ќе го реализираме барањето од месното население за поплочување на патот кој води до манастирот Св.Илија . Го развиваме меморијалниот и руралниот туризам и привлекуваме туристи од целиот свет-вели градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски.

Share.