Жители на Тимјаник: Децата со попреченост подалеку од нашите деца

0
1112

Жителите на село Тимјаник на крајот од вчерашниот протест против изградбата на Центар за ресоцијализација на деца со посебни потреби, не се согласија ниту со изградба на ваков центар во селото, ниту пак со градинка за која што тврдеа дека е причината што не сакаат ваков објект.

Еден од нив се обиде во името на сите жители да се пазари и ја понуди својата нива надвор од селото за да се изгради таму центарот.

Ќе ви дадам хектар во нива да изградите објект таму. Мене дедо ми ми ја дал таа нива јас ќе ви ја дадам на вас, не барам надомест, за да не се мачиме – рече тој.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која дојде во селото да ги слушне причините за негодувањето, одговори дека домот мора да се изгради во населено место, во близина на роднините на децата со попреченост.

-Она што го нудите е нива надвор од селото, на маргините, идејата на оваа програма, е да биде блиску до сите нас, рече таа.

На ова, жителите побараа премиерот Зоран Заев да дојде лично тука да разговараат со него. Велат дека се изиграни и го прашаа претседавачот на Советот на Општина Неготино Диме Витанов зошто сега зборува едно, а пред 24 часа им кажувал друго.

novatv.mk