Заблескајте како Бијонсе во новата колекција на Адидас и “Ајви Парк”

Неодамна Бијонсе ја промовираше третата по ред соработка на “Ајви Парк” со Адидас. Таа се фотографираше во секси боди костим од колекцијата “Ајси Парк”.  Едноставна но сепак шик, оваа прекрасна колекција располага со модели кои ќе ви помогнат да се облечете од глава до пети. Многу е лесна за комбинирање и со останата облека како на пример фармерки со висок струк, мини здолнисте или хеланки за џогирање како што носи Бијонсе.
Додека чекаме целата колекција да биде лансирана и пуштена во продажба погледнете што ве очекува. Можете да го ископирате изгледот на Бијонсе и со некои слични а поефтини парчиња кои може да ги најдете онлајн или низ продавниците. Разбудете ја вашата фантазија и уживате во модата.
Сподели