Рон Десантис го потпиша законот за забрана на социјалните мрежи за децата под 14 години во Флорида. Законот, според изјавите на америчкиот портал, Guradian, потребно е да претрпи одредени правни борби, но веднаш по неговото стапување на сила, сметките на социјалните мрежи, на децата под 14 години ќе бидат забранети, а казните за нивното користење ќе достигнуваат и до 50 000 долари.
Поддржувачите во Флорида се надеваат дека законот ќе ја издржи правната борба, бидејќи со тоа би ги забранил форматите на социјални медиуми базирани на зависност од функции како што се известувања и автоматски видеа, а не на нивниот содржина.
Хара Бондер, директорката за политика на државата за Асоцијацијата за Компјутер и Комуникации, констатира дека овој закон би имал капацитет да ги наруши правата на помладите корисници, а истовремено би создал и пречки за младите луѓе кои бараат информации на интернет.
И ако, од една страна предлог-законот беше подржан од мнозинството, од друга страна пак, демократската претставничка на државниот дом, Ана Ескамани, во соопштението за новинарите изјави дека предлог-законот оди премногу далеку, што се однесува до правата на родителите. Таа налага, наместо забрана на социјалните мрежи, да се обезбедат подобри алатки за надзор од родителите, подобар пристап до податоците со кои нивните деца се во постојан допира на интернет и подобрување на програмите за ментално здравје.
Претседателот на Претставничкиот дом на Флорида, Пол Ренер, рече дека социјалните медиуми се преполни со ризици од трговци со луѓе и педофили, и дека платформите на социјалните медиуми предизвикале разорен ефект врз менталната благосостојба на децата.
На детето му е потребно детство, улица, топка, дружба, социјализација, излегување во реалниот свет, залагање и едукација. Неоспорен е фактот дека децата, особено помалечките поседуваат телефони, таблети, компјутери, лаптопи и имаат пристап до секаков вид на информации, а за тоа говорат и последните, непријатни случувања на неколку криминални дела кои се случија на балканот, а беа предизвикани од малолетни лица, кои според статистиките, правеле анализи и истражувања, а гледале и филмови кои им го развиле и забрзале процесот на ширење на несоодветни мисли, од кои пак резултирале трагични дела.
За едно дете да функцинира нормално потребни му е внимание од родителот, не телефон, не таблет, не нешто со кое што родителот би го ,,дарувал” само за детето да остане во смирена, седечка положба. Социјалните мрежи располагаат со разновидни содржини на различни тематики, а детето, како дете на возраст од 5 до 13 години не е во можност да процени што е добро, а што лошо, ако некој не ги надгледува неговите акции како во реалниот свет, така и во виртуалниот.
Инспирирани од новиот закон усвоен во Флорида, побаравме информации и статиситки за тоа што се случува во нашето општество и колку време индивидуидите поминуваат на интернет. Според најновите статистики, објавени на главната страница на Државниот завод за статистика на Македонија, во првото тримисечие од 2023 година, 88.0% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Во првото тримесечје од 2023 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 85.3%, а 67.7% го користеле неколкупати во текот на денот. 53.5 % од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.
За децата под 15 години статистика не постои, а би било навистина корисно како за родителите, така и за иднината на младите лица под 15 години, да постои одредена статистика која ќе зборува за тоа колку време децата поминуваат на интернет, социјални мрежи, игри, гледање на видеа и т.н.











