Забрана за тешки товарни возила и на Ѓавато

0
360

АМСМ соопшти дека воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, како и на планинските премини Стража, Пресека, Буково, Ѓавато и Барбарос.

Вечерва интензивни врнежи од снег има и во Битола.

Поинтензивни врнежи од дожд ќе има во вечерните и ноќните часови, особено во источните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2 . Можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.

Утре се уште ќе има повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег. Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и речиси насекаде ќе бидат од снег. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. В сабота и в недела во утринските часови на повеќе места
температурите ќе бидат под и околу нула. Постепено затоплување со повремени врнежи од дожд ќе има од недела попладне.