Забрани за тешки товарни возила на Стража, Пресека…

0
801

На патниот правец Маврово – Дебар во 13:20 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.

Од 16:00 часот, поради врнежи од снег, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

Од 16:55 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека.

Од 17:30 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На сите патни правци во државата има слаби врнежи од снег.

Намалена видливост поради појава на магла има на Пoпова Шапка од 10 до 15 метри.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.