Заврна снег на Пелистер

Дестабилизирањето на времето донесе снег на Пелистер. Од синоќа таму врнело и е формирана мала снежна покривка.

За денеска метеоролозите прогнозираат облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои на места во текот на денот ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот(во л/м2): 57 Крушево, Пожаране, Попова Шапка, 46 Битола, 42 Претор, 35 Тетово, Маврови Анови, 30 Тополчани, 29 Охрид, 27 Лазарополе, 23 Прилеп, 19 Скопје-Зајчев Рид, 14 Скопје-Петровец, Куманово, Ѓуриште, 10 Демир Капија, 9 Штип, 7 Берово, 6 Виница, 5 Крива Паланка, Гевгелија, 1 Струмица.

Засега нема најава за снег во пониските места.

Сподели