Заврши самитот на неврзаните во Белград

Дводневниот самит на Движењето на неврзаните заврши во Белград со конференција на министрите за надворешни работи на Србија и Азербејџан, двете земји кои беа домаќини на собирот. Шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ рече дека бројот на присутните на одбележување на 60 годишнината од првата конференција на движењето по покажува почитувањето кое го ужива, пишува Радио Слободна Европа.

“Претходните неколку дена од други делови на светот кои не се застапени во Движењето на неврзаните можевме да чуеме некои зајадливи изјави за тоа дека движењето е надминато. Спротивно на роа, на состанокот се чувствуваше необично силна енергија на оние слободољубивите народи и држави кои сакаат да живеат во среден свет во кој нивниот глас ќе се цени како и на сите други“, рече Селаковиќ.

Министерот за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамов рече дека самиот во Белград дополнително ги соединил неврзаните и дека учесниците го потенцирале значењето на мултилатералата, меѓународната соработка и солидарноста.

На самитот во Белград кој се одржа на 11 и 12 октомври учествуваа делегации од повеќе од 105 земји и девет меѓународни организации. Движењето на неврзаните е најголемата група држави по Обединетите нации и е основано во средината на 20 век во екот на Студената војна – како противтежа на спротивставените блокови предводени од тогашниот Советски Сојуз (СССР) и Соединетите држави. Додека светските претставници од собирот повикуваат на мултилатерализам – односно укинување на поделбата на светот на два блока, Русија, наследникот на Советскиот Сојуз, во јули годинава доби статус на држава набљудувач во Движењето на неврзаните.

Претседателот на собранието на Србија Ивица Дачиќ ги отфрли критиките дека Белград го злоупотребил самитот на неврзаните во корист на Русија, наведувајќи дека тие немаат реална основа.

 

Сподели