Заврши учебната година, сведителствата за учениците се бесплатни

Денеска е последниот ден од оваа учебна година која во околностите на пандемија се одвиваше онлајн за повисоките, а со физичко присуство за пониските одделенија. Децата заминуваат на летен распуст со желба дека наредната учебна година ќе ја започнат во училишните клупи. Министерката за образование, Мила Царовска вели дека тоа е желба на сите, но дали учениците ќе се вратат во училиштата од септември, зависи од епидемиолошката слика.Во наредниот период ќе бидат разгледувани сите параметри.
– Заедно со премиерот и министерот за здравство сме во постојана комуникација во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата. Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки. Во оваа пандемија не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме. Сепак сите параметри ќе бидат разгледувани во наредните неколку недели и ќе имаме одлука многу скоро. Веднаш штом имаме официјална одлука ќе ја споделиме со јавноста, затоа што ако сега кој и да е од нас изнесува информации кои не се потврдени и договорени ќе се смета за шпекулација, а сметам дека ниту една надлежна инстиитуција или ресорен министер не смее да шири шпекулации и невистини, рече Царовска.
Царовска потенцира дека за свидетелствата не треба да се плаќа, откако родители од неколку училишта се пожалиле дека им биле побарани пари.

Сподели