Заврши „Love fest“ во Врњачка Бања

0
133

По врнежите од дожд на самата локација Врњачка Бања и нејзиното езеро се одржа првиот ден на фестивалот на електронска музика во Србија.

Од сите артисти кои кои настапија најголем впечаток оставија,  Fire Stage-от: Stephan Bodzini Dubfire своите вонвременски сетови кои ја одушевија публиката. Blow Stage-от: според повеќе анализирани информации од медиумите и слуштелите овај подиум е број еден на првиот ден на Lovefest. Истакнатите мајстори на современиот звук од лулката на Techо маговите Matrixxman, Len Faki, Blawan моментално најдобриот продуцент кај нас во Македонија кој е етаблиран низ цел свет Stojche.

По подобрувањето на времето на вториот фестивалски ден полека, но сигурно си го зеде својот вообичаен тек на работа.

На Fire Stage-от германската етикета Cocoon ја почна Andre Galluzi со еден возечки и прифатлив сет за цела публика, па со самиот тек продлжи Ilario Alicante кој ја подгина атмосверта со својот „groove“ стил до точка на вриење, следниот основачот на самата етикета Sven Vath толку ја зовре атмосферата што дојде до степен на ерупција. Затворањето на Fire Stage го направи берлинскиот маг Marcel Dettmann со еден уникатен сет кој ја хипнотизира самата публика до раните утрински часови. На Blow stage се истакнаа великаните на Detroit техното Kenny Larkin кој со својата уникатна техника на миксање и избор на музика ја одушеви малубројната публика и Derirck May безвременскиот маг на овај жанр кој ја хипнотизира самата публика. При големите критики за самата подлога на самиот фестивал, организаторите ја решија ситуацијата со фрлање на слама Fire Stage и Blow Stage.

Со ова решение на организацијата третиот ден почна како што сака еден љубител на елктронска муизика да се журка на фестивал. Fire Stage-со еден етаблиран маг Nick Curly кој се препознава по сетовите кои се со добар „groove“ и кој е толку лесен за слушање што секој може да посака, во продолжение продолжија вонвременските Pan Pot кои најмногу ја воодушевија публиката. Несекојдневен настан го одбележа третиот фестивалски ден со откажувањето на легендарниот Jamie Jones Замена за Jamie Jones беше едно од револуционерните имиња на романскиот вонвременски звук Priku кој ја забавуваше самата публика до крајот на вечерта. Blow stage-ova фестивалска ноќ ја одбележаа едни од најдобрите имиња на романската техно музика великаните во технашките кулоаи опишани како владетелни мелахоличниот и минималистички звук Praslea, Priku и Cezar, кои направија атмосфера за паметење на овај stage. H20 stage-овај stage е сместен на самиот базен кој нуди незаборавни моменти за освежување и добра забава. Овде се случува, како што може да се чуе од самите посетители на фестивалот ако не одиш на базенот не си бил на фестивалот.Одлична дневна енергија со одлична музика.

На последниот четврти ден, како и на сите фестивали, така и на овој, фокусот е насочен кон масовност. Fire stage-мелодичните и уникатни Min Against кој ја раздвижија публика, па продолжи Jackmaster кој ја подигна енергијата на едно повисоко ниво и магот на Desolat, Loco Dice кој се покажа во најдобро светло со еден еклектичен и брз сет до утринските часови и го затвори самиот маг Seth Troxler кој се карактеризира со вметнување на искршени рими во своите сетови и techno класици, со што му даде на самиот фестивал еден underground шмек. Blow stage-на ова место после хаваријата со самата подлога овај ден го одблежаа еден од најдобрите tech-house продуценти Davide Squillace b2b Butch со едно вонвременско уживање во ноќта.