Завршната сметка на Буџетот за 2017 денеска пред советниците

0
800

Темата за долгот на општина Битола денеска повторно се отвори, откако пред советниците се најде завршната сметка за Буџетот за 2017 година. Опозицијата праша дали е 13,5 или 3,5 милиони евра?

-СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска, ги излажаа граѓаните.Градоначалничката Наташа Петровска на пресконференција на 10 ноември кажа дека долгот на општината е 13.5 милиони евра. Сега истата таа Петровска достави завршна сметка потпишана од неа, во која стои дека побарувањата на Општина Битола изнесуваат 5.5 милиони евра, а обврските, односно долговите 3.5 милиони евра.Изнесените невистини се уште подрастични бидејќи како долгови се вкалкулирани над 1 милион евра обврски по судски постапки кои се во тек, а не се завршени со правосилна пресуда, ова отвора секако дополнителни прашања по однос на вистинитоста на овој податок, рече Борче Димитровски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

За мнозинството, ова е обид на опозицијата за весела математика и популизам.

-Мислам дека веселите математики на ВМРО-ДПМНЕ и овој пат ги имаат измешано бројките како што ги имаа измешано бројките кои што ги презентираа во претходните буџети. Реалниот борч на општина Битола е борчот на фирмите односно Јавните претпријатија, е енормен, и мислам дека тие невистини се повторно гол популизам кој што сака да го претстави ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека градоначалничката Петровска во овој момент прво не е повикана за ова што го кажува ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во реализацијата на овај буџет 99% е заслужен Владимир Талески. Мислам дека обвинувањата треба да бидат насочени кон него, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ

Од ПОИНАУКУ забележаа што градоначалничката не била присутна.

-Со своето не доаѓање на оваа седница, градоначалничката Петровска во ништо не се разликува според нас од претходниот градоначалник, кој што го гледавме само на телевизии и кој што комуницираше со Советот само преку пресови на одредени новинари, рече Габриела Илиевска, советник од Поинаку.

Во одбрана на висината на долгот, Стојчевски со неколку примери за долговите на училиштата.

-Вие денес на јавноста сакате да и прикажете некои други цифри, некој други бројки и некој помал долг. Само училиштата во општина Битола борчат повеќе од 5 милиони евра , рече Зоран Стојчевски, советник од СДСМ.

Ангелевска им порача да одберат што сакале да бидат.

-Одберете што сакате, сакате да сте криминалци или обични лажговци и манипуланти и кажетеим на гласачите на Битола, рече Анита Ангелевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од мнозинството потсетија и на 9 те милиони евра преземени обвски од претходниот градоначалник.

-Ги споменавте и 9 милиони евра потпишани договори од страна на раководството кое што тогаш било на власт, односно градоначалникот Владимир Талески. Тие потпишани договори значат обврска за општина Битола, рече Борче Корлевски советник од СДСМ

Кај советникот Јанкуловски имало сомнеж заради нејзиното неприсуство.

-Со самото неприсуство на градоначалничката Петровска на денешната седницаа таа отвара сомнеж. Ја повикувам јавно да излези и да се извини и да кажи дека обврските кои ги затекна, не само што се во склад со побарувањата туку побарувањата се повисоки од обврските што впрочем покажува и билансот за состојба за 2017 година што е потпишан од нејзина страна, рече Никола Јанкуловски советник од Подем.

Претседателот на Советот им кажа дека секогаш се радувал кога сегашната опозиција ги бранела тогашните политики на талески.

-Овие бројки требаше да ги брани Владимир Талески. Ние ниту сега ниту тогаш не велиме дека бројките се добри. Вие од петни жили се обидувате да го браните, рече Валентин Груевски, претседател на Совет.

Пред советниците денеска и точката за работата на Пелагонискиот плански регион, работата на Територијалната противпожарна единица и други точки.