Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа на излезот од Битола

0
5861

35 годишен мотоциклист попладнево загина во тешка сообраќајна несреќа на излезот од Битола за Ресен во близина на бензиската пумпа “Лукоил”.

Портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, потврди за Апла.мк дека во сообраќајката учествувале џип и мотор, при што лицето кое управувало со моторот починало.
Поради сообраќајката, полицијата го запре сообраќајот низ обиколницата, а возилата се пренасочуваат низ Битола.