Загина прилепчанец на патот Битола-Прилеп

0
1235

На 26.02.2018 година околу 15.50 часот на патниот правец Битола – Прилеп, патничко возило „Опел вектра“ со прилепски регистарски ознаки,  управувано од З.Р. (38) од Прилеп, излетало од коловозот и се превртело на покривот. Од здобиените повреди на лице  место починал З.Р. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.  Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.