Загриженост во ФБИ

0
230

ФБИ изрази длабока загриженост во врска со точноста на наводите во доверливиот документ што Трамп планира да го објави за истрагата на руското мешање во изборниот процес во САД.

Ова е прв пат ФБИ јавно да изнесува оценка за ова прашање кое што доведе до остри поделби помеѓу министерството за правда на САД и Белата куќа.

Во јавно соопштение, некарактеристично за ФБИ, се наведува дека Бирото добило само ограничена прилика за проценка на тој документ на четири страници, составен од републиканските конгресмени.

Додека Републиканците наведуваат дека документот открива дека ФБИ и министерството за правда користеле недозволиви методи за набљудување во истрагата за руското мешање во американските избори во 2016 година, ФБИ соопшти дека во документот се изоставуваат важни факти.

– Како што објавивме во нашата иницијална проценка, длабоко сме загрижени поради изостаувањето на факти кои суштински влијаат на точноста на документот, наведуваат од ФБИ.