ТЕРА

REKLAMA???

ЗАДОВОЛНИ ОД ЛАНСКАТА РЕКОРДНА ОТКУПНА ЦЕНА, СЕГА ЗАРАДИ ИНФЛАЦИЈАТА ОЧЕКУВААТ ПОВИСОКА

Муамер Дуракоски е зејмоделец од селото Дебреште, прилепко. Скоро 40 години е со тутунот. И тој бара да се најде заеднички јазик меѓу страните за предавањето на тутунот, односно неговата откупна цена, затоа што вели имаат обврски и кон држвата.

„Цената лани беше задоволителна, но годинава катастрофа не фати од невремето, производството е намалено со 50 проценти, можеби и повеќе некаде. Јас произведувам од 5 од  5,5 тони тутун, годинава 50 проценти намалено производство. Супер беше досега, но годинава се закочи работата со некои изјави на здруженија, некои од улица даваат изјави. Ги молиме надлежните да ни најдат заеднички јазик со здруженијата и компаниите, да го предадеме тутунот. Да биде цената нормално 400-500 денари за килограм тутун“ вели Дуракоски.

И  Кенан Раифоски кој е тутунопроизводител од селото Лажани бара разбирање од страна на тутунските компании за трошоците, за инфлацијата, за животниот стандард.

„Ако не се најде заеднички јазик во иднина, да се договориме, значи бараме исто од владата да интервенира преку овластениот Сојуз на тутунски здруженија, претседателот Менде Стомнароски да седнат со откупните компании да се договори една реална цена. Не бараме ние народнио кажано, преку лебот погача, меѓутоа бараме во сооднос, реално да се вреднува, трошоците што се за живот. Младите масовно се иселуваат. Ако стане ова неисплатливо да се работи, ќе имаме проблеми со тоа што комплетно младата популација ќе се исели“ вели Раифоски.

Тој вели дека имале и зголемени производствени трошоци за тутунот.

„Лани рекордна беше цената по 300 денари за килограм тутун. Меѓутоа, оваа година за разлика од лани инфлацијата е 80 проценти повисока. И производствените трошоци за тутунот, како што се горивото, вештачките ѓубрива и се понатаму“ рече тој.

Иса Имероски е од село Дебреште. Тој вели дека состојбите во тутунопроизводството се доста сменети. Од ланската година бил задоволен, сега се надева дека ќе се има предвид економската состојба, односно инфлацијата врз определувањето на цената.

„Пред 2017 година додека ние чекавме на минусни температури од -10 степени и повеќе и спиевме тука за да можеме да го предадеме тутунот, ценачите тогаш ни земаа пари, вршеа уцена врз тутунопроизводителите како да дојдиме до предавање на нашата макотрпна работа. Во сегашно време и речено ланската година тутунот дојде во подобра ситуација и се откупи во брза постапка и под добри услови. Не бараме повеќе, бараме и оваа година да се повтори како што беше ланската година со минимално покачување од 20 до 30 проценти, како би стигнала цената до некаде 460 до 500 денари за да може да се исплати макотрпната работа“ вели Имероски.

Согласно податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, откупот на суров тутун од  реколтата 2016  бил со просечна откупна цена од 196,83 денари за килограм. Минатата година пак откупната цена беше 288,09 денари од килограм.

Како дел од мерките за тутунарите министерот Љупчо Николовски најави и дека во 2024 година Владата 100 отсто ќе ја покрие зелената нафта за земјоделците во кои ќе бидат вклучени и тутунопроизводителите, што значитечно ќе ја зголеми нивната добивка.

Инаку спред мерките за откуп на тутун на Министерството за земјоделие, договореното производство на тутун во 2023 година е зголемено за околу 9 отсто во споредба со реколтата од 2022 година, пред се поради зголемување на површините со тутун за околу 85 хектари. Бројот на склучени договори е исто така зголемен за 1.192, што е за околу 4 отсто.

Според сумираните податоци внесени во електронскиот систем за евиденција на тутун ИСЕТ со состојба од 28.04.2023 година од страна на регистрираните откупувачи на тутун, годинава се очекува производство на околу 26.504 тони суров тутун во лист, што претставува зголемување за околу 2.400 тони во однос на договорените количини од реколта 2022 година кога изнесувало 24.098 тони.