Зад акцијата на ЕУ стои НАТО

Зад акцијата на ЕУ стои НАТО

0
177

Зад акцијата на Европската унија стои НАТО, кој се користи со политика на казнување и се обидува да ја демонизира Русија, изјави денеска портпарлоката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– НАТО стои зад Европската унија. ЕУ е актрактивна политичка конструкција со моќната Северноатлантска алијанса зад себе, истакна Захарова.

Таа оцени дека „задачата е да се демонизира Русија“ и оти она на што сега сведочиме е дел од „долгорочната програма на неконтролирана русофобија“.

– Тоа е прашање не само за Русија како држава, туку прашање на Русите и рускиот народ“, изјава Захарова.

Таа нагласи дека САД и Обединетото Кралство стојат зад провокацијата во Салсбери и оти доказ за тоа се бројот на протераните руски дипломати.

%d bloggers like this: