Заев ги испрати фудбалерите на ЕП

„Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Муамед Сејдини упатија искрена благодарност до Владата на Република С. Македонија и Премиерот Зоран Заев за убавите зборови на поддршка за македонската репрезентација пред заминувањето за Букурешт“, вака утрово на фан страницата објави федерацијата со фотографии од испраќањето на фудбалерите на меѓународниот аеродром Скопје.

„Со упорна работа и храбро срце на терен можеш да бидеш дел од најголемите европски тимови. Фудбалерите од македонската репрезентација уште сега се наши победници и наша гордост.
Пред полетувањето кон Букурешт, Романија им посакав успешен настап на #ЕУРО2020, среќа, добра тимска игра, фер плеј и да продолжат со успесите со кои веќе испишуваат нови страници во историјата на македонскиот фудбал, пласирајќи се на Европското првенство“ напиша премиерот Заев на својот Фејзбук профил.

 

Сподели