Заев: Договоривме Република Северна Македонија и заштитен идентитет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Да“ за македонската иднина. Денеска како никогаш порано сум исполнет со чувство за надеж за нашата иднина, за иднината на сегашните и идните граѓани. Таа иднина можеме да ја видиме на хоризонтот, во заедницата на државите на ЕУ и во НАТО, вака премиерот Зоран Заев ја почна прес конференцијата на која кажа дека е постигнат договор со Грција.

-Нема веќе ФИРОМ, нема меѓународни договори во кои се избегнува македонскиот јазик. Со овој договор ќе биде потврден и зајакнат македонскиот етнички и културен идентитет еднаш засекогаш. Добивме гаранција за безбедност, стабилност за граѓаните. Имаме прецизирано македонско име, Република Северна Македонија со превод на сите јазици. Договорот предвидува потврда на мак јазик во ОН без фусноти, националноста е македонска/Граѓани на Република Северна Македонија. Договорот ќе го презентираме, па ќе го потпишеме и ќе следува ратификација од двете страни. Грција ќе извести дека веќе нема спор и не постојат пречки да бидеме членки во НАТО. Ќе испратат препораки за да бидеме членки на ЕУ. Силно веруваме дека ЕУ ќе ги почне преговорите со Македонија, а ќе бидеме и 30. членка на НАТО, рече Заев.

Според него ова значи дека доаѓа подобро време за Македонија, а шансата која е тука мора да се искористи храбро и смело, затоа што така е патриотски.

„Се осмеливме затоа што сакаме победи, не порази, затоа имаме успех тука. Имаме историско, вековно решение. Решавајќи го спорот градиме пријателство кое никогаш не било поголемо. Во наши раце е клучот за економски развој и подобра иднина, влез во ЕУ, заштита на идентитетот, иднината на Македонија и граѓаните. Решаваме 25 годишен спор кој земјата ја влечеше надолу, кога мислеа сите дека нема излез, ние се одваживме. Македонски јазик, македонски народ, македонец, македонка, заштитени, зајакнати еднаш засекогаш, рече премиерот Заев.

Вели, сите детали се тука, пред очите на јавноста, но гласот на граѓаните е конечен.

-Со договорот се гарантира дека на есен ќе има референдум, граѓаните ќе одлучат за иднината. Да кажеме да за македонската иднина, рече Заев.

fokus.mk

Share.