Заев за БТВ: Го признаваме бугарскиот дел од Македонија, ние го нарекуваме Пирински дел

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ние, делот на таа историска Македонија, која е во Бугарија, го признаваме како бугарски дел и тука нема никакви дилеми, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската БТВ.

Заев за бугарската БТВ зборува за преговорите за спорот за името.

На прашањето дали има опција за името, кое категорично не е прифатливо за државава, Заев вели: „Ако погледнеме историски каде била оваа историска Македонија, има еден дел во Бугарија. Има дел во Грција! Ние сме само еден дел. И ова е факт – ние сме горниот дел, северниот дел, Вардарскиот дел. Многу е важно дома да не бидеме обезличени. Да не бидеме посрамотени. Кога влеговте во оваа зграда, надвор пишуваше „Владата на Република Македонија“. Не сакаме да ни се наложи ова да се менува“. вели Заев.

На прашањето дали разговарал со некој од бугарските колеги во врска со евентуално ново име на земјата, Заев рекол:

„Не. Мислам дека иако имаше некои јавни изјави, конечно стана јасно дека, во суштина, тоа и не е важно. Ние делот на оваа историска Македонија, која е во Бугарија, го признаваме како бугарски дел и тука нема никакви дилеми. Ние го нарекуваме Пирински дел, зашто Пирин е најголемата планина, но таму живеат граѓани на Бугарија, од кои некои се чувствуваат Македонци и тоа е нивно право. И немаме таков проблем“, рекол премиерот Зоран Заев во интервју за БТВ.

мкд.мк

Share.