Заев за гасификацијата на Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На отворената средба што се одржа во дворот на фабриката „Кромберг и Шуберт“ лоцирана во индустриската зона „Жабени“, премиерот  како крупен проект го спомна гасоводот на Битола, но рече дека градот ќе има уште еден начин на греење преку топлинската енергија.

-До 2019 година гасот ќе биде до Битола. Делот со гасификација ќе биде важен за Битола, оти ете јас можам да потврдам во Струмица колку тоа значи за намалување на севкупните трошоци на команиите посебно оние кои користат енергенси како нафта, струја и други, а важен е и еколошкиот сегмент. Од 2010 година година наваму просекот на штедење во јавните институции во општина Струмица е 63 проценти, а во команиите кои се поврзани на гасификацијата е 27 проценти. Битола ќе има две опции за загревање, а тоа преку топлинска енергија, а другото преку гасоводот, рече Заев.

Share.