Заев им се заблагодари на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „за“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Премиерот Зоран Заев на прес конференцијата која ја одржа доцна вечерва во Собранието денот го нарече историски. Оцени дека одлуката на пратениците ја следела волјата на граѓаните изразена на референдумот.

“Сакам да им се заблагодарам на овие храбри пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција кои го ставија интересот на државата и на граѓаните над партиските интереси и покрај непотребниот политички притисок од страна на нивното партиско раководство” рече Заев.

Заев рече дека на следните гласања во Собранието ќе се приклучат уште повеќе пратеници од редовите на опозицијата.

Заев рече дека остро ќе одговори на обвинувањата на Јанушев за обвинувањата дека на пратениците им бил вршен притисок и им биле давани пари за гласање за уставите измени и дека ќе поднесе и тужба за наведените обинувања.

Share.